Во БиХ секој трет ден се случува по едно самоубиство

Од:

Во Босна и Херцеговина секој трет ден по едно лице си го одзема животот, покажуваат официјалните статистички податоци.

Причините за ваквата состојба експертите ја гледаат во се потешката економска состојба, безперспективноста и невработеноста, јавува Радио Слободна Европа.

Социологот Срѓан Вукадиновиќ, како главен генератор за влошената слика на менталното здравје во БиХ го гледа посттранзициското општество со урнат вредносен систем.

– Има многу проблеми со кои човекот во денешното босанско-херцеговско општество не може да излезе на крај…следува стрес, отуѓеност проследена со невработеноста, безперспектиност, пред се кај младите луѓе, објаснува Вукадиновиќ.

Психијатрите објаснуваат дека самоубиствата се манифестација на болести, пред се на депресија, а чест облик на ментално заболување е посттравматско стресно нарушување (ПТСП) кај голем дел од популацијата која учествувала во воените дејности.

Депресијата зема се поголем замав и во светот. Според проценките на Светската здравствена организација, до 2020 година депресијата ќе стане втора најчеста болест на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски