Во БиХ регистрирана појава на беснило

Од:

Институтот за здравје и безбедност на храната во Босна и Херцеговина денеска потврди дека во земјата, првпат по шест години, е регистрирана појава на беснило, болест која е смртоносна и за луѓето и за животните.

Со тестирање спроведено кон крајот на мај во референтната државна лабораторија е потврдено дека едно ловечко куче е заразено со беснило и било пронајдено во Сребреница, источна Босна.

Како што е наведено од Институтот, ова е прв ваков случај по шест години, кога во БиХ се појави беснило, а изворот на заразата и тогаш беше куче.

Институтот предупреди дека треба да се преземат мерки за заштита за да се спречи ширењето на болеста.

„Експертите препорачуваат да се спроведе вакцинација за да се избегне можноста за ширење на болеста од диви на домашни животни, а потоа и на луѓе“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски