Во БиХ почна судски процес против Билал Босниќ

Од:

Во Судот во Сараево денеска почна процесот против радикалниот муслимански имам и лидер на вахабиската заедница во БиХ, Хусеин Билал Босниќ, обвинет за поттикнување кон тероризам и врбување млади луѓе од Босна и Херцеговина за џихад на страната на терористичката група Исламска држава, пренесе Танјуг.

Обвинителот Дубравко Чампара во својот воведен говор кажа дека за време на судскиот процес јасно ќе биде докажано дека Босниќ е виновен за кривичните дела што му се ставаат на товар.

Претходно Босниќ пред се изјави дека не се изјаснува за виновен за поднесените обвиненија.

Во обвинителниот акт се посочува дека во текот на 2013 и 2014 година на собирите на салафитската заедница на различни места, на пример во Велика Кладуша и Горна Маоча, како и на социјалните мрежи, Босниќ ги повикувал членовите на оваа заедница да се приклучат кон терористичката група Исламска држава и да учествуваат во нејзините активности.

Притоа обвинението констатира дека заради поттикнувањето токму од Босниќ голем број босански граѓани заминале за Сирија, каде се борат во редовите на Исламска држава и каде некои од нив загинале.

Обвинителот цитираше и некои од изјавите на Босниќ на социјалните мрежи, во коо имамот зборува за воспоставување шеријат и за „оправданата неопходност да умреш како вистински муслиман“.

Обвинителството подготвило и материјални докази, што ќе потврдат дека Босниќ порачувал пари од арапските земји за финансирање на собирањето млади луѓе од Босна и Херцеговина за војување на страната на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници