Во БиХ општите избори ќе се одржат на 2 октомври

Од:

Општите избори во Босна и Херцеговина ќе се одржат на 2 октомври, одлучија денеска членовите на Централната изборна комисија (ЦИК).

– Изборите ќе се одржат во недела на 2 октомври, а средствата за спроведување мора да се обезбедат во рок од 15 дена од датумот на распишување на изборите, изјави претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ по усвојувањето на одлуката на седницата во Сараево.

Одлуката за распишување на изборите ќе биде доставена до Претседателството, Парламентот и Советот на министри на БиХ, како и до собранијата на двата ентитета, Федерацијата БиХ и Република Српска. На општите избори граѓаните на БиХ избираат членови на Претседателството и претставници во Парламентарното собрание на БиХ, претставници во парламентите на ентитетите на Република Српска и Федерацијата БиХ и претставници во десет кантони во Федерацијата БиХ.

ЦИК на БиХ побара од Советот на министри да одобри средства од буџетските резерви за финансирање на изборите, но извршната власт на државата не го разгледа тоа.

ЦИК на БиХ нагласи дека ќе биде потребна поголема сума од 11,72 милиони конвертибилни марки (повеќе од шест милиони евра), колку што чинеше одржувањето на претходните општи избори во 2018 година. Таква одлука мора да донесе Советот на министри на БиХ, а сега е неизвесно бидејќи се уште не е донесен државниот буџет за 2022 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски