Во Берн уапсен Насер Ориќ по барање на Интерпол

Од:

Швајцарската полиција го уапси денеска Насер Ориќ на аеродромот во Берн по потерница од Интерпол.

Уапсен е врз основа на обвинение подигнато против него од Обвинителството во Белград лани, а врз основа на судски списи од Трибуналот во Хаг.

Ориќ беше командант на армијата на БиХ на територијата на Сребреница за време на војната во 90-те години од минатиот век.

Во Хаг тој беше ослободен од обвиненија за злосторства врз Срби во Подриње.

Екстрадицијата ќе биде неизвесна бидејќи ќе зависи од одлуката на швајцарските правосудни органи.

Би можело да ве интересира

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ