Властите во Сараево забранија волонтери да им помагаат на мигрантите

Од:

Властите на Босна и Херцеговина им забранија на волонтерите од организацијата „Ејд бригејд“ од Европа и Америка да делат оброци на мигрантите што престојуваат на железничката станица во Сараево, соопштија хуманитарците, наведувајќи дека биле затворени и нивните простории во кои тие обезбедувале медицинска помош.

Хуманитарците на 22 мај ги посетиле околу 20 полицајци и службеници од Службата за работа со странци на БиХ и им наредиле веднаш да престанат со работа.

Волонтерите биле однесени во канцеларијата на Службата за странци, каде што дознале дека ги товарат за нарушување на јавниот ред, давање помош на мигранти и бегалци надвор од законот и волонтерство под туристичка виза.

– Истиот ден, нашето барање да станеме официјална невладина организација беше одбиено, откако чекавме пет месеци на одговор, соопшти „Ејд бригејд“.

Организцијата наведува дека ова е „тажно време за целиот тим“ и оти е горда на се што направила.

„Ејд бригејд“ информира дека од март 2018 година, подготвиле 120.000 оброци, поделиле 600 зимски јакни и вреќи за спиење, а своите простории ги отвориле за бегалците и сараевските бездомници да поминат ден на топло и да добијат храна.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски