Владата на БиХ ќе продава недвижности за да исплати пензии

Од:

Во Федерацијата БиХ пензионерите најавуваат протести за следната недела поради ниските пензии, а од Заводот за пензиско и инвалидско осигурување соопштуваат дека ќе продадат недвижности за да го пополнат дефицитот од околу 43,5 милиони евра.

Речиси три четвртини од пензионерите во ФБиХ живеат со пензии од околу 175 евра, а нивно зголемување засега воопшто не е предвидено.

Приливот на средства во касата на ПИО на ФБиХ веќе одамна не е доволен и за исплата на достигнатото ниво на пензии, што е главна причина поради која се поминати две и пол години од последното зголемување на пензиите од пет отсто.

Федералната Влада веќе оваа недела го разгледува одобрувањето на продажбата на хотелот „Еро“ и 11 помали објекти, за кои е целосно подготвена документацијата, а консолидацијата е можна до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он