Утрово, нешто пред 9 часот во северозападна Хрватска е почувствуван земјотрес, чиј епицентар бил во близина на местото Апатовец. Земјотресот бил почувствуван во Загреб и цела северозападна Хрватска.
Како што соопштија од Сеизмолошкиот завод, земјотресот бил доста силен, со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
„Денеска, 13.08.2024 година, во 8 часот и 43 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес на 17 километри северно од Крижевци. Магнитудата на земјотресот беше 4,0 степени според Рихтеровата скала, а проценетиот интензитет бил V степени ЕМС.
EMSC претходно објави дека прелиминарната јачина била 4,6 степени. ЕМСЦ наскоро ја намали јачината на 4,0 степени.