Масовниот антивладин протест организиран од обединетата албанска опозиција пред Владата во Тиранa по околу пет часа заврши и како што најави лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, следнот протест ќе се одржи в четврток во 10:00 часот.
– Денеска секој е сведок на моќта на обединетите граѓани. Протестите ќе продолжат се до соборување на криминалната Влада на Рама, формирање преодна влада и спроведување предвремени парламентарни избори. Ова криминална банда мора да си оди. Таа не дојде со поддршка на граѓаните туку со украдени гласови. Мора да си оди и народот на слободни избори да одлучи кој ќе ја предводи државата, порача Баша, кој уште еднаш го обвини Рама за „добро организирано сценарио“ за насилството што се случи на почетокот на протестот.
Протетстите ескалираа со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, скршени врати и прозорци, фрлање молотов коктел и тврди предмети, поставување на партиското знаме на Демократската партија пред Владата, а потоа и палење на дрвјата околу Владата.
Состојбата се смири откако полицијата употреби солзавец и го засили обезбедувањето со припадниците на Националната гарда.
На протестите на кои, според опозицијата, просуствуваа над 100 илјади лица, како што соопшти Министертвото за здравство повредени се 15 лица, од нив петмина полицајци, од кои двајца се со посериозни повреди во пределот на главата од удар со тврд предмет, двајца новинари, а останатите се учесници во протестот.