(ВИДЕО) Вучиќ за Ројтерс: Србија има пријатели во САД, но и во Пекинг и Москва

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс зборуваше за актуелните теми околу геостратешките определби и меѓународните односи на Србија.

„Кога спроведувате политика која мора да ја води Србија, имајќи ја во предвид ситуацијата околу Косово и Метохија, секаквите притисоци со кои се соочуваме од сите страни и кога имате таква состојба со мала земја која се наоѓа на географска крстосница, тогаш мора да водите политика на мир и стабилност и да гледате да не се замерите, а кога веќе се замерувате тоа да биде подеднакво кон сите“, изјави Вучиќ за Ројтерс.

Тој во интервјуто рече дека српскиот и еврејскиот народ имаат иста судбина.

„Имаме искрени пријателски односи со еврејскиот народ, како и со Палестинците. Ние ќе го продолжиме таквиот однос“, рече тој.

Во однос на средбата со американскиот претседател во Белата куќа, Вучиќ изјави дека имал многу добар разговор со Трамп и очекува повторно да се сретне со него.

„Верувам дека Трамп ќе биде првиот претседател по Никсон што ќе ја посети Србија”, рече тој.

Вучиќ зборуваше и за проблемот на Србија во однос на одржувањето воени вежби со други држави.

Во интервјуто, тој ја опиша иднината на неговата земја која би вклучила баланс на односите меѓу истокот и западот, дури и ако тоа би значело „повремено лутење на двете страни“.

„Ние мора да ја заштитиме воената неутралност со тоа што ќе останеме сами. Каде и да се појавиме, пречиме. Со кого и да одржиме воена вежба, ние му пречиме на западот или на истокот. Супер, тогаш ќе вежбаме сами“, рече српскиот претседател.

Тој нагласи дека стратешкиот пат на Србија е патот кон ЕУ, но дека земјата има и други пријатели надвор од унијата од кои не треба да се срами.

„Србија се наоѓа на европски пат од кој ниту еден момент не се откажа, но Србија мора да живее. Србија има пријатели во САД, но има и во Пекинг и Москва“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он