(ВИДЕО) Вучиќ: Србија мора да добие само српска влада, не ни требаат влади наметнати однадвор

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е „непоколеблив“ во својата проценка дека Србија може и мора да добие само српска влада, доколку тоа е можно, нагласувајќи дека на Србија не и требаат влади наметнати однадвор.

„Ако не, тогаш е време за нови избори. Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади автократски без избори и без волја на народот. Јас ќе останам цврст, ќе останам силен за вас, граѓаните на Србија. , затоа што вие ме избравте и никогаш нема да се откажам од успешна и напредна Србија“, порача Вучиќ во објава на Инстаграм.

Тој во видео обраќање им се заблагодари на сите кои вчера и денеска учествуваа во протестите и блокадите во Нови Сад, но и, како што вели, на огромен број граѓани кои не се согласуваат со содржината на тие протести, па мирно и трпеливо чекаат прекин и крај на демонстрациите.

„Тоа е многу важна лекција за сите нас. Важно, бидејќи го зачувавме мирот, ја сочувавме стабилноста и ја зачувавме надежта за иднината. Она што е важно е што поскоро да почнат разговорите со професорите, претставниците на универзитетите, за никој да не избегнува нивна одговорност, дека добро разбираат дека разговорот е лековит и дека до решение може да се дојде само со разговор“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека сака да им се заблагодари и на сите обични луѓе низ Србија, кои испраќаат зборови на поддршка.

Би можело да ве интересира

Вучиќ стигна во Москва

А1он

Авионот на Вучиќ на пат кон Москва приземјен во Баку

Катерина Ѓуровски

Вучиќ отпатува за Москва, в петок се среќава со Путин

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски