ВИДЕО: Вучиќ апси, испрати полиција да ги растура блокадите, студентите не се повлекуваат

Од:

Српското МВР објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград преку ноќта.

Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Неколку лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.

Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.

За потсетување, патиштата беа блокирани на неколку локации во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.

Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок

Студентите утрово објавија дека не се повлекуваат, повикаа повторно денеска на блокади и граѓанска непослушност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Новак Ѓоковиќ се огласи на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мајката на една од жртвите во Нови Сад ќе штрајкува со глад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 16 минути тишина за жртвите, голем собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски