Во престрелката што се случи вечерва кај Младеновац загинале полицаец и неговата сестра, дознава „Телеграф.рс“.
Полицијата започнала потера по Урош Б (21). Последен пат е виден во близина на Мали Пожаревац. Тој е во возило „мерцедес “.
Според извори од брзата помош две лица не даваат знаци на живот, а ранети се уште седум лица. Меѓу ранетите има и деца.
Српските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата велат дека тој ги застрелал жртвите со автоматска пушка, побегнал со автомобилот и се наоѓа во бегство – и се уште е вооружен.
Полицијата ги блокираше излезите од Белград.
МВР, официјално потврди дека во тек е акција Вихор, сторителот е во бегство, а сите расположливи патроли се испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.
Забележани се неколку комбиња на жандармеријата и специјалната единица, неколку возила на интервентната единица и патролни возила од Белград како се движат кон Младеновац.
Очевидци велат дека виделе неколку амбулантни возила, најмалку три како се упатуваат кон Младеновац.