Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во обвинителството, по што судот им одреди 30-дневен притвор.
Во селото Злот, полицијата ги пребара двата имота на еден од осомничените, исцедена е и септичката јама, но телото на Данка се уште не е пронајдено.
Осомничениот Срѓан Јанковиќ се бранел со молчење во обвинителството, додека Дејан Драгијевиќ го признал делото, а потоа рекол дека татко му и брат му помогнале да го сокрие телото. Вчера, во притво почина братот на Драгијевиќ, а на татко му му е одреден 30-дневен притвор.
Министерството за внатрешни работи на Србија наведува дека на осомничениот му се слошило во раните утрински часови и починал во 3 часот и 10 минути и покрај навремената реакција на лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да го реанимираат. Судскиот лекар изјавил дека се работи за природна смрт.
Српските медиуми повикувајќи се на неофицијални извори наведуваат дека причина за смртта е срцев удар.