Доказ за посетата на вонземјаните на нашата планета стар неколку векови има во Србија, односно на Косово во манстирот Високо Дечани, тврди швајцарскиот новинар Ерих Фон Даникен.
Ерих Фон Даникен е швајцарски новинар, писател, уметник и мистериолог кој со своите дела тврди дека вонземјаните ја посетиле нашата планета уште во средниот век. Според него тоа е отсликано на фреската Распетието Христово, во манастирот Високо Дечани на Косово и Метохија.
– Таа фреска е фасцинантна и јас многу години порано укажував на тоа. Просто е неверојатно тоа што многу научници зборуваат за теориите за постоење на вонземјани, а никој не го споменува наjконкретниот доказ за тоа кој што се наоѓа во српскиот манастир Високо Дечани. Тој манастир се наоѓа на Косово и е под постојана опасност од албанските вандали и екстремисти, поради тоа меѓународната заедница би требало максимално да го заштити, изјави Даникен.