ВИДЕО: Во Црна Гора марш „против мафијата“

Од:

Колона од околу 60-тина граѓани на Црна Гора организирани од независниот новинар Марко Милачиќ Гора утринава во 4:30 часот пеш тргна од Подгорица кон црногорската престолнина на Цетиње, каде денеска во текот на инаугурацијата на ново-стариот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, ќе го изразат незадоволството од моменталната состојба во државата.

Демонстрантите, кои маршот симболично го нарекоа „Марш против мафијата“, планираат да стигнат пред нивната крајна цел, Владиниот дом, каде денеска околу 18 часот ќе се оддржи свеченото полагање на заклетвата на Вујановиќ, додека чинот на полагање на заклетвата почнува еден час подоцна.

Вујановиќ вечерва треба да положи заклетва и да го почне својот трет мандат, меѓутоа, неизвесно е дали ќе има пратенички кворум, бидејќи Социјалдемократска партија, денеска ќе одлучи дали ќе присуствува на посебната свечена седница на Собранието на Цетиње, со оглед на тоа дека нивниот став од почетокот беше дека третата кандидатура на Вујановиќ е неуставна.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време