Во емисијата „Лице в лице“ Искрен Веселинов, заменик претседател на бугарското ВМРО коментирајќи за протестите пред седиштето на ВМРО во Софија рече дека ги оправдува постапките на Ангел Џамбаски, кој фрли бомба кон демонстрантите за време на тензиите пред седиштето на партијата. Ова тој самиот го рече откако виде снимки од вчерашниот протест, испратени до редакцијата на емисијата „Лице в лице“.
„Џамбаски веројатно бил во состојба на афкет, бидејќи е ненормално некој да оди и да направи ваков вандалски чин“,вели Веселинов.
Тој вели уште дека во протестот се вклучени српско-скопски сили кои сакаат да ја заштитат македонската позиција.
За кратко ситацијата ескалира и членови на ВМРО и демонстранти го скршиле стаклото од оградата на седиштето, а од поселдниот кат биле фрлани водени балони и пиротехнички средства.
Според него не е случајно присуството на протестот и на Волен Сидеров и рече дека има вмешаност на политчки струи од надвор.
„Тоа се струи и сили кои го поддржуваат македонизмот како идеологија, измислен во Москва “, рече Веселинов.
Синоќа група граѓани се појавија пред седиштето на ВМРО да протестираат против Владата. Како резултат на тоа, има скршена влезна врата, чад, расфрлани пиротехнички средства, црева, водени балони. Бидејќи ситуацијата ескалираше, интервенираше и бугарската полиција.