(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

Од:

На делницата од автопатот Бања Лука – Прњавор се случи тешка сообраќајна несреќа во која според последните информации загинаа три лица.

Трагедијата се случи кога автомобил „волво“ одзади удри во приколка на камион, кој стоеше на патот поради претходна несреќа.

Две деца се повредени и се згрижени во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.

„Камионот претходно учествуваше во сообраќајна незгода со друг автомобил. Се работи за судир со материјална штета. Поради несреќата двете возила стоеја на автопатот кога „волвото“ со голема брзина влета под приколката на камионот“, вели изворот на локалната АТВ.

Од полициската управа Бања Лука потврдија дека трагедијата се случи околу 12:50 часот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

Татко и син пронајдени мртви во гаража во близина на Бања Лука

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он