ВИДЕО: Судир меѓу мигрантите и полицијата во Велика Кладуша, 20 уапсени, неколкумина повредени

Од:

Најмалку 20 лица се уапсени, а неколку од нив се повредени денеска во судирите што избувнаа во прифатилиштето за мигранти во Велика Кладуша.

– Во судирите се нападнати и полицајци, соопштија властите на Унско-санската жупанија во Босна и Херцеговина и полицијата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во прифатниот центар дошло до тепачка во која учествувале најмалку стотина мигранти.

Обезбедувањето задолжено за заштита на тој објект не можело да ги совлада насилниците и повикале полиција, која исто така била нападната со камења, шишиња и метални шипки.

Полицајците добиле засилување од Велика Кладуша и од Бихаќ, по што насилството е спречено.

– Во нападот се повредени поголем број мигранти и тројца полициски службеници. Оштетено е едно полициско возило, изјави портпаролот на полицијата Але Шиљдедиќ.

Членовите на Службата за работа со странци во БиХ донесоа одлука шестмина од уапсените насилници да бидат изолирани и депортирани од БиХ.

Шиљдедиќ предупреди дека состојбата меѓу мигрантите и натаму е напната и дека не може да се исклучи можноста од нови инциденти.

Во прифатниот центар „Мирал“ минатиот викенд избувна пожар во кој изгоре еден од сместувачките објекти, а инвентарот беше целосно уништен.

На подрачјето на Велика Кладуша и Бихаќ престојуваат најголем број од мигрантите кои пристигнуваат во БиХ.

Според безбедносните агенции, во земјата од почетокот на годината влегле повеќе од 7.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски