ВИДЕО: Србија во втор генерален штрајк

Од:

Студентите во блокади повикаа на генерален штрајк денеска во Србија, а ги поддржа и проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград, Адвокатската комора на Војводина и Белград и неколку различни синдикати, здруженија и иницијативи.

Во објавите на социјалните мрежи, студентите во блокадите ги повикуваат граѓаните „да ги запрете луѓето околу вас“, да излезете надвор, да не трошат пари и да не одат на работа.

Препорачаа да земат слободен ден од работа или боледување и да ги поканат колегите да им се придружат. Ги повикаа и да не одат во кафулиња и ресторани, да не пазаруваат во супермаркети, да не посетуваат кина и театри…

„Ова не е само протест, ова е борба за одговорност, правда и иднина…“, изјавија претходно студентите кои го организираа првиот генерален штрајк на 24 јануари.

На генералниот штрајк на повик на студентите се приклучија и медиуми, продавници, ресторани, кафетерии, мали приватни бизниси, институции од културата, книжарници и издавачки куќи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Правдата е слепа, судството не е, протест на судии и обвинители во Србија

ВИДЕО: Дијана Хрка 11 дена без храна, состојбата и е лоша

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“