Турските ЛГБТ активисти одржаа Парада на гордоста во Истанбул, шетајќи низ улиците на Истанбул околу еден час време. Полицијата со солзавец се обиде да го прекине маршот, кој што беше забранет четврта година по ред.
??? flags raised in Mis street during #Istanbulpride right now. People are cheering of joy and dansing in the street. #OnurYürüyüşü #pride pic.twitter.com/FKomIGYJv7
— Lene Christensen (@ChristensenLene) July 1, 2018
Стотици луѓе извикуваа слогани и вееја знамиња со виножито низ улиците на Истанбул.
Организаторите, на почетокот на Парадата, објавија соопштение во кое наведоа дека забраната од властите нема да ги разубеди од маршот.
И покрај забранта, полицијата им дозволи на организаторите да го прочитаат соопштението за медиуми, по што им нареди да се разидат, бидејќи во спротивност ќе интервенираат.
Полицијата патролираше со кучиња, а во близина имаа и водени топови.
Припадниците на полицијата пукаа со солзавец во некои зони, додека на други места ги туркаа учесниците на Парадата кои бавно се разидуваа.
Демонстрантите и покрај полицискиот притисок се собраа во различни делови на градот извикувајќи „Немојте да ќутите, кажете гласно – хомосексуалците постојат“.