Босанските медиуми објавија дека вчера било пукано во раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели.
Според Аваз, во пукањето бил ранет Омар, роднина на Амар Хоџиќ.
Пукањето се случило во сараевската населба Ступ вчера попладне, околу 16.30 часот. Во пукањето се ранети двајца.
Полициски службеници излегле на лице место и пронашле две повредени лица – додаваат од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на К.С.
Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а засега не е познат степенот на повредите, пренесува Српскаинфо.
Исто така, едно лице наводно било приведено на местото на настанот. Засега е непознато дали тој е сведок на немилиот настан или актер во нападот.
Откако веста се прошири во медиумите, познатиот рапер објави дека се нашол во погрешно време, на погрешно место.
– По повод инцидентот што се случи, беше споменато моето име. Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време, на погрешно место и во никој случај не сум поврзан со пукањето, рече Корели за Аваз.