Повторно тензии во Црна Гора. Вицепремиерот Дритан Абазовиќ поднесе иницијатива за рушење на владата, а премиерот Здравко Кривокапиќ поднесе иницијатива за негова смена.
Беране тренутно. #Protesti #OdbranaNarodneIzborneVolje?? pic.twitter.com/WGy4OPdxmh
— ОСВЈЕЖИЛО (@osvjezilo) January 20, 2022
Оваа ситуација всушност е само кулминација на неколкумесечната криза во владата во Црна Гора, која по изборите ја добија опозициските партии, соборувајќи го Мило Ѓукановиќ од ДПС. Да потсетиме, Ѓукановиќ се уште е претседател на Црна Гора.
За денеска се најавени нови протести на граѓаните кои го поддржуваат Кривокапиќ.
Беране вечерас ?❤️ pic.twitter.com/CKsR9PrPZE
— ꒌ Zoran? (@zforcan) January 19, 2022
Како што беше најавено, во 19 часот почна собир на граѓани незадоволни од иницијативата за промена на актуелната власт. Како и синоќа тие се собраа пред зградата на Владата.