Се гледам утре и секој ден, додека нема правда – ова е пораката на транспарентот кој студентите го спуштија на Петроварадинската тврдина на крајот од големиот комеморативен собир за 16-те жртви на трагедијата кога пред една година се урна настрешницата на железничката станица. Претходно од чамец на Дунав беа пуштени 16 лампиони. Собирот на кејот на реката, заврши мирно.
Završen komemorativni skup u Novom Sadu.
Studenti su na Petrovaradinskoj tvrđavi razvili transparent na kom piše "Vidimo se sutra i svakog drugog dana dok ne bude pravda". pic.twitter.com/7l4KseYuHS
— Razglas news (@razglasnews) November 1, 2025
Претходно, во текот на денот, од рано утрото од 16 локации групи граѓани се упатија кон железничката станица каде што имаше 16 минути молк, а потоа и обраќања на јавни личности, но и на мајката на Стеван Хрка, момчето кое загина во несреќата која најави дека од утре ќе штрајкува со глад во Белград во близина на таканареченипт „Чациленд“.
На комеморативниот собир, покрај студентите и граѓаните од Нови Сад присустуваа и голем број луѓе од цела Србија. Многу од нив пешки дојода од Нови Пазар, од Белград, Шумадијаи и од други места.
Комеморативни собири, српската дијаспора организираше низ повеќе градови во светот. Поддршка дјде и од Загреб, каде студенти организираа собир пред амбасадата на Србија.
Во Србија денеска е ден на жалост.
