Во Словенија денеска е во сила црвен метео аларм поради поплави во поголем дел од земјата.
Межишката долина и делови од Горња Савињска и понатаму се отсечени, а состојбата е катастрофална и во областа Медводе, јави Радио-телевизија Словенија.
Во поширокото подрачје на Камник, полицискиот хеликоптер, како и припадници на полицијата помагаат во евакуацијата на населението.
Условите во Медводе се катастрофални, а луѓето се заробени поради лизгање на земјиштето, изјави градоначалникот на тој град Нејц Моле.
Сава се излеа на устието со Крка кај Брежице, соопштија од штабот на Цивилната заштита.
Пешница и Дравиња се излеале во долниот тек, Сава во средниот и долниот тек, а се излеале и одредени притоки на Љубљаница.
Поради високиот водостој на Сава, кампот во Чатешки Топлице е евакуиран во текот на ноќта, јави Радио-телевизија Словенија.
Нивото на водата низ Хрватска благо се зголемува и покрај бранот вода кој пристигна и се уште пристигнува од Словенија.
Сава во некои делови се излеа од коритата, но се чини дека врвот на водениот бран се уште не е поминат. Редовни мерки за заштита од поплави се на сила низ државата, а на места се и подготвителни.
Бранот од Словенија вчера најпрво зафати делови од жупанија Меѓумурје и Вараждин.
Протокот на Сава вечерва треба да биде рекорден, пренесува Index.hr.