(ВИДЕО) Радев: Бугарија треба да даде зелено светло за С. Македонија, откако неповратно ќе се искорени јазикот на омразата

Од:

Бугарија треба да даде согласност за почетокот на преговорите со Република Северна Македонија, откако ќе бидат признати објективните историски факти и откако процесот на искоренување на јазикот на омразата ќе стане одржлив и неповратен, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.

Тој нагласи дека бугарската Влада со години давала ветувања за безусловна поддршка на Северна Македонија.

– Резултатот го гледаме денеска, Владата доцна се сети дека треба да го заштитува националниот интерес, вели Радев.

Според него, би било голема грешка доколку премиерите на двете земји Бојко Борисов и Зоран Заев „одиграат некаков театар и потпишат една декларација со желби, како што е Договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за имплементација“.

-Ние имаме голема желба нашите пријатели од Република Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и токму поради тоа сега треба да почекаме да се смират емоциите. Треба да се вооружиме со трпение за еден отворен, смирен разговор и на тој начин јасно да ги видиме позициите на двете страни и да не потпаѓаме на искушенијата од брзи решенија со имитација на триумф. Додека зад таа фасада продолжуваат да гнијат проблемите на Титовиот режим и неговата идеологија, Бугарија откако не успеа да ги вклучи нашите барања во преговарачката рамка, треба да даде согласност за почеток на преговорите, откако ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омразата и на искоренување на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане постојан и неповратен, вели Радев. Во спротивно, според него, во ЕУ би се внеле проблеми.

Би можело да ве интересира

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски