ВИДЕО: Пукање и пожар пред српскиот парламент, еден повреден и еден приведен

Од:

Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград, во делот каде што се поставени шатори. Според објавите на социјалните мрежи, на пожарот му претходеле истрели кои се слушнале од еден од шаторите, но засега не е потврдено дали станува збор за огнено оружје.

Полицијата веднаш реагирала и привела едно лице. Како што јавува порталот Мондо, уапсен е 70-годишниот Владан А., под сомнение дека пукал и го ранил 57-годишниот Милан Б. Според истите информации, Владан А. по пукањето го запалил шаторот пред Собранието и потоа фрлил неколку куршуми во огнот.

Милан Б. е ранет во ногата и неговиот живот не е во опасност. Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград излегол на местото на настанот за да изврши увид.

Пожарникарите интервенираат со три возила и пожарот е ставен под контрола. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот во шаторите, кои претходно ги поставија студенти што протестираат против блокадите во главниот град.

Собранието на Србија денеска гласа за 48 точки од дневниот ред.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дијана Хрка 11 дена без храна, состојбата и е лоша

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац