Непознат уред е пронајден под автомобилот на Сојузниот министер за енергетика, рударство и индустрија на БиХ, Нермин Ѓиндиќ.
Оваа информација за босански „Аваз“ ја потврдил министерот Ѓиндиќ. Федералната полициска администрација истражува кој и зошто го подметнал непознатиот уред.
„Аваз“ објави и видео-снимка од надзорните камери.
Имено, според часовникот од камерата, непознат маж со качулка на главата и маска над лицето го поставил уредот утрово во 3.40 часот. Видеото покажува маскирано лице како се прикрадува околу возилото и под него става непознат предмет, кој ќе биде испратен на вештачење.
Откако го поставил уредот, човекот се оддалечил од возилото.