ВИДЕО: Приврзаници на црногорската опозиција фрлаа јајца врз Парламентот

Од:

Црногорската полиција денеска приведе неколку активисти на движењето „Отпор против диктаторскиот режим во Црна Гора“, кои фрлаа јајца врз влезот на Парламентот, каде се расправаше за предлог-законот на опозицијата за распишување на нови претседателски избори.

Опозицијата предложи Парламентот на Црна Гора да ги прогласи за невалидни претседателските избори од 7 април, на кој победи Филип Вујановиќ, поради повреда на Уставот, законите на Црна Гора и на принципите на меѓународното право.

Предлогот е претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ да распише нови претседателски избори најдоцна до 31 август.

Според конечните резултати на Државната изборна комисија на Црна Гора Вујановиќ на 7 април освоил 51,21 проценти од гласовите, додека за независниот кандидат Миодраг Лекиќ гласале 48,79 од граѓаните. Изборниот штаб на Лекиќ изјави дека не ги признава резултатите од изборите. Но, и покрај тоа Вујановиќ на 20 мај положи заклетва како претседател и го почна петгодишниот мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски