ВИДЕО: Пратеникот од Златна Зора ослободен од обвиненија

Од:

Судот во Атина ја отфрли тужбата против пратеникот од грчката ултрадесничарска партија Златна Зора Елијас Касидиарис, која го товареше за напад на две политичарки за време на телевизиска емисија во 2012 година, пренесуваат денеска грчките весници.

Судот проценил дека Касидиарис не им нанел тешки телесни повреди на жените, како што се тврдеше во тужбата.

Инцидентот се случи во 2012 година за време на телевизиска емисија, емитувана во живо. Тогаш Касидиарис и удри шлаканица на членката на Комунистичката партија, а потоа со вода ја полеа членката на Сириза.

Касидиарис е еден од неколкумината пратеници на Златна зора кои се наоѓаат во притвор и чекаат судење под обвинение дека водат криминална организација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он