На автобуска станица во Сараево околу 13 часот денеска избувнал пожар, а според првите информации на сараевскиот портал „Кликс“ има и повредени. На местото на настанот се испратени неколку противпожарни екипи.
Пожарот зафатил продавници во рамките на автобуската станица.
Густ чад брзо ја прекрил областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.
Autobuska stanica Sarajevo. U toku gašenje požara, za sada nam je potvrđeno da je povrijeđen radnik ugostiteljskog objekta gdje je buknuo požar. @N1infoSA pic.twitter.com/niXnVrvBjb
— Rasim Pavica (@RPavica) February 16, 2022
На местото на настанот се испратени и екипи на брзата помош и полицијата.
Според неофицијални информации, пожарот настанал од експлозија на плинска боца.