Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ на Твитер објави видео на кое е прикажано како скока во реката Укрина.
Мектиќ напиша: „Пена-парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“.
Pjena parti na mojoj rijeci Ukrini trenutno leti mostarska lasta. pic.twitter.com/x5jzIWi3IY
— Dragan Mektić (@DraganMektic) July 12, 2020
Видеото го прикажува како скока во реката, каде што има и многу пена.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска ја осуди забавата на Мектиќ, а Инспекторатот на Република Српска го истражува случајот.
Од Министерството велат дека е несфатливо поради забава да се пуштат хемикалии во реката и дека ќе инсистираат на одговорност на сторителите.