(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

Од:

Во поплавите што се случија во текот на ноќта во источна Романија загинаа три лица, додека илјадници домови беа оштетени, стотици луѓе беа евакуирани, а хеликоптерите ги бараат оние што не успеаја да се евакуираат, соопштија официјални лица денеска.

Околу 25 села во девет окрузи беа погодени од обилни дождови и силни ветрови, кои корнеа покриви и дрвја, блокирајќи го сообраќајот на државните патишта, објави Агенцијата за вонредни ситуации.

Најпогодени беа окрузите Неамт и Сучава во јужна Романија, каде што две реки се излеаја од коритата, при што загина 66-годишен маж и стотици луѓе беа принудени да се евакуираат. Сите патишта што водат до селото Броштени во округот Сучава се блокирани.

Агенцијата за вонредни состојби подоцна објави дека во поплавите загинале две жени, на возраст од 85 и 83 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја стресе Романија и Молдавија

Горан Наумовски

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи