Силното невреме со дожд што ги зафати централните на делови на Босна и Херцеговина предизвика поплави во овој дел на земјата.
Од невремето поплавени се куќи, урнати се мостови и уништени патишта.
Како што јавуваат локалните медиуми, голем број локални и регионални патишта биле блокирани поради излевање на водата, но и поради лизгање на земјиштето.
Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи.
На подрачјето на Зеница поплавени се неколку населби, додека патната комуникација била прекината во местото Свице.
Поплави има и на подрачјето на Среднобосанскиот кантон во местото Малина кај Травник, каде се поплавени неколку објекти.
Во текот на ноќта и утрово, поради намален интензитет на дождовите, состојбата е нормализирана, а нивото на водата во реките се намалува.