ВИДЕО: Полицијата ги потиснува блокадите низ Србија, демонтрантите менуваат тактика

Од:

Голем број граѓани и студенти се собраа пред Полициската управа на Нов Белград поради апсењето на студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Приведените се однесени во Прекршочниот суд на улицата Устаничка.

Собраните скандираат на полицијата „народот ќе ви суди“.

Шест лица се приведени на улицата Омладински бригада во Нов Белград, во непосредна близина на Факултетот за драмски уметности.

Како што дознава Н1, уапсени се двајца студенти на ФДУ, еден асистент и еден вработен на тој факултет, како и двајца жители на блиските блокови.

Додека граѓаните мирно го преминувале пешачкиот премин во Смедерево, таксистот налетал на луѓе и во таа прилика зел еден граѓанин и го возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортерот на Н1.

Трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај во Белград е суспендиран поради блокадите, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, соопшти Танјуг.

Граѓаните на Стариот град ги блокираат раскрсниците во таа белградска општина со тактика на соборување контејнери на земја со голема брзина, а кога ќе пристигне жандармеријата, тие брзо се преместуваат на нова локација.

Како што му рекоа на тимот на Н1, ова е нивна тактика, односно секогаш кога ќе се појави полицијата или жандармеријата, тие ќе ја напуштат локацијата каде што се наоѓаат, нема да се соочат со нив и ќе продолжат понатаму.

До 8:00 часот наутро, како што објави репортерот на Н1, тие веќе смениле неколку локации, од Плоштадот на Републиката, преку тунелот Теразије, Дечанска и улиците Македонска.

Оваа група граѓани стоеше покрај зградата на Политика, и штом ја видоа жандармеријата како им се приближува, се упатија кон Плоштадот на Републиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 10 месеци од падот на настрешницата: тензии во Нови Сад, студентите преку прозорец влегуваа на Факултетот за спорт

Катерина Ѓуровски

Реакцијата од Вучиќ, британски Гардијан ја објави во рубриката „писма од читатели“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нови протести низ Србија, најжестоко во Ваљево

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Белград како воена зона, жестоки судири, пиротехника, солзавец и топовски удари

Поручникот кој пукаше во Нови Сад вели дека проценил дека неговиот и животите на неговите колеги се во опасност

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Припадник на СНС извади пиштол на демонстрантите, Дачиќ тврди дека бил воено лице на задача

Катерина Ѓуровски