(ВИДЕО) Објавена снимката од фаталниот скок на Словенецот во Дрина

Од:

Градската управа на Зворник соопшти дека скокачот во вода, Андреј Беуц од Словенија настрадал при скокот од мостот на Дрина.

Професионалниот падобранец скокна од висина на 20 метри, по скокот најпрво се појави над водата, но потоа исчезна повторно под водата.

-Организаторите ги презедоа сите неопходни активнсти овој настан да помине во најдобар ред. Сите скокачи потпишаа изјави дека скокаат на сопствена одговорност и беа запознаени со временските прилики во Зворник, се наведува во соопштението од градската управа.

Откако телото ќе биде пронајдено и надлежните органи извршат истрага, од Градската управа наведуваат дека тогаш ќе биде и позната причината за смртта. Поради трагичната случка, одложени се сите содржини на “Зворничко лето“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Пронајдена единаесеттата жртва од трагедијата на Дрина

На Дрина се преврте чамец полн со мигранти, се трага по исчезнатите

Горан Наумовски

ВИДЕО: Јутјубер сакаше да се прослави со скок од мост, заврши со скршен череп

Жарко Настоски

Откриена причината за смртта на словенечкиот скокач во Дрина

Предраг Петровиќ