(ВИДЕО) Обезбедување со палки ги тепа гостите во дискотека во Херцеговина, а потоа дојдоа специјалци

Од:

Во популарна дискотека во Херцеговина дојде до пресметка меѓу обезбедувањето и дел од гостите кои беа тепани со палки.

Инцидентот се случи во дискотеката „Но лимит“, сопственост на Блаженка Фофиќ, на католички Велигден, кога настапуваше таму популарниот пејач Бобан Рајовиќ.

По повод овој настан соопштение се огласи и Министерството за внатрешни работи на Херцеговина.

– Полициската патрола пријави дека има нарушување на јавниот ред и мир, пред ресторанот „Но лимит“. При излегување на местото на настанот е констатирано дека внатре во објектот чуварот Д.Б. роден (1984) од Мостар, физички нападна и им нанесе повреди на А.М.(1998), М.М. (1995) и И.Т. (2000) сите тројца од Имотски – извести полицијата.

„Момците беа излезени, дојдоа од Имотски во Прозор да се забавуваат. По кратката гужва со други млади момчиња која траеше 4,5 секунди, тие се вратија на своите маси и продолжија да уживаат во музиката на популарниот пејач. По неколку минути дојдоа од обезбедувањето и почнаа да ги удираат гостите“, изјави еден од сведоците.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина