ВИДЕО: Нови протести низ Србија, најжестоко во Ваљево

Од:

Нови протести вечерва се одржуваат во повеќе градови низ Србија. Собирите се на повик на студентите кои денеска ги објавија локациите за собирите под паролата „Србија не може да се смири“.

Најдраматично вечерва е во Ваљево каде демонстрантите го нападнаа објектот на Српската народна странка. Беше предизвикан пожар.

Полицијата интервенираше со солзавец на неколку локации низ Ваљево во обид да ги потисне демонстрантите од раскрсниците каде што беа собрани.

Полицијата користеше солзавец и во Нов Белград каде втора вечер по ред има собир на демонстрантите.

Инцидентите во Врбас и Бачка Паланка иницираа бран протести низ цела Србија кои се организираат веќе трет ден по ред.

Би можело да ве интересира

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски