ВИДЕО: Нов протест на Цетиње, полицијата го обезбедува манстирот

Од:

На Цетиње се одржа протест против како што се наведува во најавата на организаторот „фашизацијата и клеризацијата на црногорското општество“. Како што јавуваат црногорските медиуми на собирот имало и претставници на опозициските партии и свештенство на Црногорската православна црква.

Демонстрантите ги повикаа сите кои како што рекоа во срцето ја имаат „граѓанска, демократска, слободна, антифашистичка и секуларна Црна Грора“ да се соберат на Цетиње и да искажат протест кон оние како што велат кои минатиот викенд ги „труеле со солзавец, ги тепале со гумени палки и ги гаѓале со шок бомби“.

Демонстрантите ги повикаа премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ да си поднесат оставки поради како што рекоа злоупотребата на полициските и воените ресурси за репресија на сопствените граѓани.

Насобраните граѓани носеа транспренти на кои пишуваше „Слободата не се гаси со солзавец“ и „Со срце за Цетиње“. Полицијата го обезбедуваше цетинскиот манастир, а беше поставена и заштитна ограда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски