Протестите продолжуваат во неколку градови во Србија вечерва по вчерашниот напад на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) врз демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка. Собирите беа организирани од „студенти во блокада“, кои ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат пред просториите на СНС и полициските одделенија. Најголемите собири се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, вклучувајќи ги Суботица, Шабац, Лесковац, Сомбор, Панчево и Ваљево.
Novi Sad
SNS na gradjane pirotehnikom pic.twitter.com/8tk37G5df0— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) August 13, 2025
Во Нови Сад, ситуацијата ескалираше кога пиротехнички средства беа лансирани кон граѓаните од правец на просториите на СНС на улицата Стражиловска. Демонстрантите одговорија со кршење прозорци на просториите на партијата, по што полицијата во опрема за немири формираше кордон. На протестот беа фрлени и ракетни факели, а се слушнаа и топовски истрели.
Novi Sad pic.twitter.com/wq8epUBGQh
— Anđela (@_esi_mi_dobar) August 13, 2025
Протестната колона во Нови Сад тргна од студентскиот кампус, по панел-дискусијата „Медиумите во ерата на репресијата“, кон главните простории на СНС на булеварот „Ослобoдување“.
За потсетување, вчера во Врбас, поддржувачи на СНС нападнаа демонстранти со пиротехнички средства, камења, шишиња и клучеви. Еден граѓанин претрпе повреда на ногата, а помошник снимател на Н1 беше погоден со два камења. Сличен напад се случи и во Бачка Паланка.
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека полицијата „спречила големи конфликти“ синоќа, дека граѓани и полицајци биле повредени, а неколку лица биле приведени.
„Не заштитувавме една група, туку јавен ред и мир“, рече Васиљевиќ.