ВИДЕО: Невообичаена божиќна честитка на Босанец

Од:

Дваесетгодишниот Бане Стевановиќ од Фоча во БиХ, со рафал од калашников им го честитал божиќното утро на своите сонародници, а снимката која што ја објавил на „Фејсбук“ за 15 часа има 200.000 прегледи.

По пристигнување на полицијата во неговиот дом, тој ја избришал снимката од „Фејсбук“, но таа се појавила на „Јутјуб“, каде што ја виделе повеќе од 100.000 лица. Записот го презедоа голем број портали во целиот регион и тој доби доста кометари на критика, но и на поддршка.

– Сакав само да им го честитам празникот на Србите и тоа го направив. Тоа беше од срце. Никого не навредив, не повредив, а доколку сум го направил тоа се извинувам. Пушката беше свртена во правец кон шумата- вели тој и додава дека не очекувал дека неговата божиќна честитка ќе ја види светот.

Според неговите зборови, добил стотици понуди за пријателство од Германија, Норвешка, Австралија, Канада, но тоа утро неговиот дом го посетила и полиција и тоа поради пушката за која тврди дека ја пронашол.

-Јас мислев да ја предадам, но добив идеја тоа да го снимам за Божиќ. Полицајците имаа налог за претрес и пушката доброволно ја предадов- раскажува Стевановиќ.

Бане кој со помош на необичната божиќна честитка стекна голема популарност, вели дека се надева дека нема да добие кривична пријава поради пукотницата, бидејќи до сега никогаш не направил ништо лошо и немал проблеми со полицијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници