Устоличувањето на црногорскиот и приморскиот митрополит Јоаникије е планирано за утре во манастирот Цетиње, а безбедносната состојба во Црна Гора е тензична.
Група граѓани денеска ја тргнаа заштитната ограда поставена на Дворски плоштад, пред манастирот Цетиње.
На социјалните мрежи се шири заканувачка фотографија на таканаречени комити кои позираат со пиштоли во рацете и порачуваат „Подготвени сме за утре“.
Дел од комитите кои веќе се собраа на Цетиње им скандираа на свештениците и монасите од Српската православна црква: „Зошто против нас почнавте хајка, ќе ви ја е**ме вашата четничка мајка“.
Во меѓувреме колона автомобили тргна од Подгорица кон Цетиње. Покрај државните знамиња, како што пренесува ЦдМ, тие се „украсени“ и со американското знаме.
Црногорскиот и приморскиот митрополит Јоаникије денеска попладне присгина во Црквата на Христовото Воскресение во Подгорица, каде се е подготвено за прием на српскиот патријарх Порфириј.
На Цетиње, каде од утрово протестираат група противници на устоличувањето на избраниот митрополит Јоаникије, присутен е и Мило Ѓукановиќ, кој исто така најави доаѓање во главниот град, доколку МЦП не се откаже верскиот чин во манастирот Цетиње.