(ВИДЕО) Нападната деканка на факултет во Ниш: Ова е крвавата хајка на Вучиќ тврди нејзиниот сопруг

Од:

Во Ниш, жена утрово со нож ја нападна деканката на Филозофскиот факултет Наталија Јовановиќ, по што интервенирала полицијата.

Таа била нападната на протест пред Правниот факултет, потврди за Нова.рс нејзиниот сопруг Бранислав Јовановиќ. Како што рече, деканката била повредена додека се обидувала да се одбрани од напад со нож.

„Прво една жена вербално ја нападна, а потоа фрли кон неа конзерва. Потоа се појави со нож и ја нападна. Наталија со голи раце се пресмета со неа, а потоа беше исечена со нож по раката додека се бранеше“, изјави Јовановиќ.

„До мене е нејзината крвава марама која го запре крварењето. Таа крвава марама е продолжение на крвавите кошули и на сето крваво што ми се случува мене и на моето семејство, од страна на претседателот на државата кој ја води хајката против нас“, рече тој.

Ова не е прв физички напад врз Јовановиќ – на 7 февруари беше нападната и на протест во Ниш. тогаш беше нападната од постара жена која прво ги нападнала студентите. Јовановиќ се обидела да интервенира, но жената потоа и се заканила: „Ќе те убиеме“ и „Се ќе платиш“.

Наталија Јовановиќ е меѓу првите раководители на факултет во Србија што ги поддржа студентските барања. Филозофскиот факултет во Ниш беше првиот што ги отвори вратите за студентите во блокада.

Би можело да ве интересира

Студентите во блокада бараат предвремени парламентарни избори во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Десетти ден блокада на РТС, се повеќе полиција во објектот

(ВИДЕО) Студентите ја засилуваат блокадата: Работиме во најтешки услови, реагираше РТС

ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек „како во Србија“ за студентите на велосипеди во Штутгарт