ВИДЕО: Наезда на инсекти во БиХ и во Србија

Од:

Во Сараево вчера во вечерните часови дошло до наезда на мушички. Цели роеви мушички се забележани и во други градови на БиХ.

Според извештаите, до инвазијата на инсектите дошло во сараевските населби Добриња и Грбавица. Локалните медиуми пренесуваат дека мушичките биле присутни во толкуголем број што луѓето помислиле дека во Сараево паѓа снег, а граѓаните буквално бегале пред наездата на мушички.

musicki-saraevo

Жителите на населбата Добриња ги затвораат прозорците на становите. Инвазијата на облаци мушички се случила и во српскиот град Краљево во понеделникот.

Мушичките го прекриле целиот град и предизвикале паника кај граѓаните. Слични феномени се случија пред три години во Ниш и во Белград.

Наездата на мушички, како што се претпоставува, е предизвикана од наглото зголемување на температурите за овој период од годината.

Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички. Предаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он