ВИДЕО: На босанскиот министер за надворешни работи му се слоши во тек на интервју

Од:

Босанскиот министер за надворешни работи, Златко Лагумџија синоќе беше пренесен во сареавската болница, откако му се слоши во текот на интервјуто во студиото на ТВ на Федерацијата на БиХ. Тој нагло го прекина интервјуто во студиото на ФТВ, барајќи чаша вода, а потоа стана од столицата и изсчезна од кадарот во студиото. Водителката потоа кажа дека емисијата се прекинува поради вонредни околности.

Според достапните инфорамции, по Лагумџија веднаш дошло амбулантно возило кое веднаш го пренело на одделението за итна медицина на клиничкиот центар во Сараево. Од таму синоќа информираа дека е задржан на испитување, а неговата состојба дека е постабилна. Како што рекоа, му се слошило поради исцрпеност.

„Направена е комплетна анализа и сите витални параметри се стабилни“, рекоа од болницата денеска и потврдија дека министерот треба да биде пуштен дома.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина