ВИДЕО: Монструозно убиство од бизарна причина во Бања Лука

Од:

Убиството на 28-годишниот Ариел Богдановиќ кое се случи синоќа на бензинска пумпа во Бања Лука ги шокираше граѓаните и ја крена полицијата на нозе, а видеото од убиството на младиот човек се шири на социјалните мрежи.

За убиството е уасен Далибор Мандиќ кој му бил колега на Богдановиќ, а според извори од истрагaта го убил од бизарна причина.

Мандиќ и Богдановиќ биле вработени во фирма во Бања Лука и се познавале, но на убиецот му пречело тоа што колегите не сакале да се дружат со него.

„Токму љубомората е мотивот за убиството. Мандиќ вчера рано завршил со работа и отишол дома да земе ранец во кој ставил резервна облека, а донел и нож. Потоа го сокрил ранецот на кампусот и го чекал Богдановиќ да си оди од работа“, открива извор од истрагата за босанските медиуми.

Кога Богдановиќ завршил со работа и се упатил кон дома, убиецот тргнал по него и првпат го нападнал во близина на трговски центар.

„Тој таму го нападнал и го избодел со нож. Несреќниот млад човек потоа се обидел да му побегне на убиецот и трчал кон бензинската пумпа. Поради убодот, тој најверојатно веќе бил слаб и паднал, а потоа Мандиќ му пришол и го прободел неколку пати, пред бројни сведоци“, вели соговорникот.

Тој додава дека после тоа Мандиќ избегал во дворот на студентскиот кампус, каде што претходно го скрил ранецот. Таму се пресоблекол, облеката која ја носел ја фрлил во корпа за отпдаоц, а ножот го фрлил ов Врбас.

Полицијата го реконструирала неговото движење со помош на снимки од камери и бил пронајден во стан во населбата Старчевица, каде што бил уапсен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Бања Лука

Горан Наумовски

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

(ВИДЕО) После големиот грабеж во Бања Лука, полицијата го блокираше градот

Голем грабеж во Бања Лука, украдени се околу еден милион евра

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Маж од Бања Лука паднал во шахта и починал на лице место

А1он