(ВИДЕО) Крадци, не ви ги даваме светилиштата: Граѓаните на Црна Гора против законот за слобода на религијата

Од:

Низ Црна Гора, граѓаните ги блокираа патиштата во знак на протест против најавеното усвојување на законот за слобода на религијата.

Законот, според неговите критичари, предвидува и заплена на имотот на Српската православна црква (СПЦ).

Последен во низата градови кои се приклучија на блокадите е Никшиќ, каде граѓаните го блокираа излезот, односно кружниот тек, известуваат црногорските медиуми.

Претходно денеска, беше блокиран мостот Ѓурѓевиќ Тара, автопатот Бјело Поље – Мојковац, како и границата со Албанија, а група граѓани од Херцег Нови го блокираа патот кон Зеленика.

Граѓаните исто така го блокираа кружниот тек во Будва, каде им се придружи и градоначалникот на општина Будва, Марко Царевиќ.

Во меѓувреме, полицијата ги одблокира излезите од Подгорица и уапси неколку лица.

Според Советот за цивилна контрола на полицијата, на булеварот на излезот од Подгорица, полицијата интервенирала против група од околу триесет лица кои го блокирале сообраќајот со своите моторни возила, и дека неколкумина, меѓу кои и еден свештеник, биле уапсени.

„Им беа издадени наредби, по што се користеше сила врз неколку лица. Еден дел од лицата кон кои беше употребена сила користеа пасивен отпор. Тие беа приведени и, според полициските информации, ниту едно од нив не е повредено. Советот издаде моментална препорака со сите приведени лица да се разговара и да им се понуди вонреден лекарски преглед. Советот и понатаму ги следи постапките на полицијата. Помеѓу уапсените лица е и еден свештеник, кој со своето возило исто така го блокирал сообраќајот и пружал отпор“, рече претседателот на Советот Александар Саша Зековиќ .

Демонстрантите во Никшиќ ја пробија полициската блокада и се упатија кон тунелот Будош.

Тие извикуваат „Мило, крадци, не ви ги даваме светилиштата“, пренесуваат медиумите.

Бројот на демонстранти се зголемува од минута во минута. Илјадници граѓани присуствуваат на митингот во Никшиќ.

Тие претходно го блокираа сообраќајот на кружниот тек.

Ситуацијата е мирна и покрај присуството на полициските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски