ВИДЕО: Кога полицијата се посомневала дека убијците на Данка се во белата „панда“

Од:

Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ објасни зошто полицијата се посомневала во возило „панда“ во кое, како што подоцна се дозна, биле осомничените за убиството на двегодишно девојче и како е извршено делото.

– Веќе вториот ден ја имавме информацијата за овие осомничени. Според проверката на сите возила кои влегле во населбата, а тоа биле 17, две се вратиле во ист правец. Имавме исцрпен разговор со мајката на девојчето, таа ја забележала белата „панда“. Откривме дека се работи за возило на „Водовод“. Со елиминација на сите останати возила, остана само спорната „панда“. Совозачот го ставил девојчето во багажникот каде што бил алатот, а потоа отишле да го остават телото на депонијата. Следниот ден го преместиле телото, објаснува Отовиќ Пјановиќ.

Српската полиција продолжува да го бара телото на Данка. На двајцата осомничени им е продолжен притворот на 30 дена.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка