Српското МВР објави снимка од апсењето на У.Б., кој синоќа уби осум лица, а рани 14. Исто така, објавена е снимка од оружјето пронајдено во неговата викендица.
Во викендицата што ја користел убиецот У.Б. пронајдена е поголема количина оружје и муниција и сето тоа е одземено. Во моментов на лице место се припадници на српската полиција, а во тек е претрес на викендицата.