ВИДЕО: „Индексот е посилен од пендерекот“, голем протест по полициската акција во Нови Сад

Од:

Низ Србија синоќа се одржаа протести како одговор на полициската бруталност на собирот во Нови Сад во петокот вечерта. Полицијата е сè уште на кампусот, каде што полицајци се распоредени пред Ректоратот и Филозофскиот факултет. Студентите во блокадата наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата биле однапред планирани, а не реакција на настаните.

Студентите во блокадата на Универзитетот во Белград го најавија протестот „Индексот е посилен од палките“ во понеделник, 8 септември во 14 часот пред Владата на Србија.

„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, рекоа студентите.

Студентите на социјалните мрежи објавија илустрација од планот за протест, во која првата точка е Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Или ние или тие“ – студенти од сите делови на Србија се собраа на протести во Нови Пазар

ВИДЕО: Правдата е слепа, судството не е, протест на судии и обвинители во Србија

ВИДЕО: Дијана Хрка 11 дена без храна, состојбата и е лоша

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори